Дома Останати Тенис Какво решение ќе бара Ѓоковиќ? Најавена задолжителна вакцинација и на Ролан Гарос и Вимблдон

Какво решение ќе бара Ѓоковиќ? Најавена задолжителна вакцинација и на Ролан Гарос и Вимблдон

Како што сега стојат работите Новак Ѓоковиќ по се изгледа нема да настапи на Австралија Опен затоа што на овој тунрир ќе се бара задолжителна вакцинација.

Најдобриот тенисер во светот засега не открива дали е вакциниран. На турнирот во Мелбурн нема да биде дозволено учество на невакцинирани. Единствената опција која се најавува е да помине карантин од две недели, но тоа не е потврдено.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лоши вести за Ѓоковиќ најави новинарот на „Форбс“, Адам Загорија. Според неговите информации организаторите на Вимблдон и Ролан Гарос размислуваат за воведување задолжителна вакцинација за учество.

„Не е исклучена можноста, се размислува Ролан Гарос и Вимблдон да го следат примерот на Австралија Опен и да настапат само вакцинирани тенисери“, истакна новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тенисерка од Египет стна хит: Не знаеше ниту да сервира! (Видео)

Денешниот натпревар на ITF турнирот W35 во Најроби предизвика неверување меѓу тениската пу…