Дома Фудбал Англија Какви казни ги очекуваат играчите на Јунајтед ако не се пласираат во ЛШ?

Какви казни ги очекуваат играчите на Јунајтед ако не се пласираат во ЛШ?

Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната ќе водат голема борба за пласман во ЛШ наредната сезона.

Црвените ѓаволи имаат две можности да дојдат до пласман помеѓу 32 најдобри европски екипи. Првата можност е освојување на титулата оваа сезона, а втората е преку првенството, каде мора да завршат меѓу првите четири места на табелата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За сега, Јунајтед не е во најдобра позиција. Во четврфиналето во ЛШ за противник ја имаат Барселона, а во првенството се шести на табелата со три бода помалку во однос на Тотенхем, кој ја држи четвртата позиција.

Па така, лесно може да се случи екипата од Олд Трафорд да остане без пласман во Лига на шампиони, а ако се случи тоа, раководството на клубот најавува санкции за играчите.

Според наводите во англиските медиуми, за играчите на Јунајтед е можно намалување на платата за 25%, што е најавена мерка доколку клубот не избори пласман во ЛШ, кој им носи огромни средства.

Англискиот великан со неиграњето во најелитното европско натпреварување ќе изгуби огромни приходи. Договорот со Адидас би бил помал за 30%, нема да има приход ниту од УЕФА, но и од ТВ правата за ЛШ.

Затоа раководството на Јунајтед веќе прават притисок врз играчите. Платата ќе биде скратена доколку не успеат да обезбедат пласман во ЛШ и ова секако е преседан меѓу најдобрите евроспки екипи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…