Дома Фудбал Италија Казнената експедиција од Бергамо: Голгетерските бројки на Аталанта се застрашувачки!

Казнената експедиција од Бергамо: Голгетерските бројки на Аталанта се застрашувачки!

Aталанта сезонава има неверојатен голгетерски учинок и тоа го потврди со разбивањето на Бреша со 6:2 во 33 коло во Серија А.

Така тимот од Бергамо постави некои рекорди и дојде на чекор од рушење на нови рекорди. Аталанта со шестката против Бреша дојде до 93 гола во 33 првенствени натпревари што е просек од 2.81 гол по натпревар. Тоа е одличен учинок за било која лига, а за тврдата Серија А е нешто фасцинантно и историско.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Само три клуба во италијанското првенство низ историјата постигнале повеќе голови после 33 кола. Меѓутоа времето кога во тоа успеваа Торино (105), Милан (103 и 101) е помеѓу 1948 и 1951 година.

Во поновата историја на италијанскиот фудбал Аталанта стана втората екипа која во последните 60 години постигнала толку голови. Наполи пред три години постигна 94 гола, но тоа овој тим го направи после целото првенство (38 натпреври). Значи Аталанта многу веројатно ќе го сруши овој рекорд.

Аталанта стана и рекордер по „шестки“ во една сезона. Тие се единствената екипа која постигнала шест голови на четири првенствени натпревари во топ 5 првенства.

На Аталанта и се потребни седум гола во последните пет натпревари за да дојде до историската стотка. Последни кои успеаа во тоа се Милан и Интер (107) и Јувентус (103), но во далечната 1951. Меѓутоа ако Аталанта продолжи со својот голгетерски процес од сезонава ќе стигне до 108 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…