Дома Македонски спорт Кадетите со два нови порази на Медитеранските игри

Кадетите со два нови порази на Медитеранските игри

Кадетската репрезентација на Македонија за ракометари до 19 години, настапува на Медитеранските игри кои се одржуваат во Грција. 

Откако вчера прво беа поразени од Шпанија со 14-21, а потоа го совладаа Мароко со 21-17, македонските ракометни надежи денеска повторно одиграа два натпревари во рамките на Б групата. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Избраниците на селекторот Матлиевски ги загубија двата меча. Во првиот во кој за противник ги имаа врсниците од Тунис загубија со два гола разлика 17-19, додека во вториот меч одигран попладнево нашите надежи беа поразени со три гола разлика 18-21 од селекцијата на Хрватска. 

Утре нашите кадети ќе одиграат два меча, против Црна Гора и Турција, но имаат само теоретски шанси за пласман во следната фаза.

Фото: РК Металург

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…