Дома Фудбал Останато Италијанците тврдат: Роналдо ќе ја добие „Златната топка“

Италијанците тврдат: Роналдо ќе ја добие „Златната топка“

„Франс Фудбал“ веќе го објави списокот на 30 номинирани фудбалери кои ќе се борат за престижната награда „Златна топка“, а победникот ќе биде прогласен на 2-ри декември во Париз.

После објавувањето на номинациите, жири составено од 180 новинари, гласа за победникот на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фаворите за наградата се Вирџил ван Дајк, кој беше прогласен за најдобар фудбалер според УЕФА, потоа Лионел Меси, најдобриот фудбалер според ФИФА и Кристиано Роналдо.

Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека оваа година „Златната топка“ ќе заврши во рацете на Кристиано Роналдо.

Наводно Португалецот го победил во трката Ван Дајк, кој останал на втората позиција, а Лео Меси завршил како трет во гласањето на новинарите.

Имено, извори блиски до Јувентус тврдат дека пред два дена делегација на „Франс Фудбал“ била во Торино на вечера со Кристиано Роналдо и му соопштила дека тој ќе биде победник.

Договорено е во наредните денови Португалецот да даде ексклузивно интервју за францускиот медиум, а наградата ќе му биде доделена на 2-ри декември на церемонија во Париз.

Дали се точни овие тврдења, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса без Тер Штеген на првата тренинг сесија

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, не учествуваше на првата тренинг сесија на к…