Италијанските медиуми испраќаат големи пофалби на сметка на хрватскиот напаѓач, Марио Манџукиќ.
Манџукиќ на стартот од сезоната за Јувентус постигна четири погодоци и запиша две асистенции во сите натпреварувања, па тоа беше причина за големи пофалби од страна на еден од најпознатите весници во Италија „Газета дело Спорт“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Хрватот ретко може да се забележи во јавноста, но на тревникот е од голема важност и наскоро би можел да го продолжи договорот. Ги освои срцата на навивачите, соиграчите, Ањели и Алегри“, тврди „Газета“.
Освен со одличните настапи на теренот, Манџукиќ освојува и со својот карактер.
„Манџукиќ е херој на Јувентус. Безброј пати се покажало од колкава важност е за тимот. Во клубот го обожаваат. Во Јувентус би можел да остане и до пензија бидејќи договорот му истекува во 2020 година и наскоро би можел да го продолжи. После Светското првенство во Русија се прости од репрезентација, а обидот на Далиќ да го врати беше неуспешен. Сака да се посвети само на Јувентус“, додава споменатиот медиум.
Ќе потсетиме, Манџукиќ во Јувентус пристигна за 21 милион евра во 2015 година од Атлетико Мадрид и на 138 натпревари постигна 38 погодоци.
https://www.youtube.com/watch?v=dzlP9J9OFEA