Дома Фудбал Италија Италијанците го споредија новото засилувањето на Милан со Милинковиќ-Савиќ

Италијанците го споредија новото засилувањето на Милан со Милинковиќ-Савиќ

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Раде Круниќ поради договорот со Милан овие денови е една од темите за која се пишува во Италија.

Круниќ се договори со „росонерите“ и само прашање на време е кога ќе стави потпис со „росонерите“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со оглед дека за јавноста не е толку познат играч медиумите истражуваа за подобро да го претстават на навивачите на клубот од „Сан Сиро“.

Основната мерка за квалитетот на еден фудбалер веројатно е статистиката, па така Италијанците тргнаа од тоа. Статистиката на Круниќ беше споредена со официјално најдобриот играч за врска во Серија А за минатата сезона Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Круниќ:

– Одиграни натпревари: 33 (2784 минути)- Голови: 5
– Асистенции: 7
– Точни додавања: 80,8%
– Освоени дуели по натпревар: 1,5
– Играч на натпреварот: 2

Милинковиќ-Савиќ:

– Одиграни натпревари: 31 (2405)
– Голови: 5
– Асистенции: 3
– Точни додавања: 79,6%
– Освоени дуели по натпревар: 3,6
– Играч на натпревар: 2

Милан го доведе Круниќ за девет милиони евра, а вредноста на Савиќ на трансфер пазарот во овој момент се проценува на 60 милиони евра.

Според бројките никој не би претпоставил дека Савиќ е најдобрите играч за врска во Серија А, а Круниќ анонимец за поголемата спортска јавност. Останува да видиме како ќе се покаже во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…