Фабиан Руиз минатото лето беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а тој одлучи кариерата да ја продолжи во ПСЖ.
Шпанецот блескаше неколку сезони во Наполи, па би можел повторно да се врати во Серија А бидејќи интерес за него покажуваат Милан и Јувентус.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Руиз веќе втора сезона е најчесто на клупата за резерви, не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината уште во јануари.
„Старата дама“ е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе го замени Погба, па на Руиз му нуди место во стартниот тим.
Милан исто така бара засилување за средниот ред, па една од желбите на Пиоли е токму Шпанецот.