Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Белгиецот во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови, а се поизвесно е дека на лето како слободен играч ќе го напушти Ливерпул.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат Милан и Јувентус, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Интерес за Ориги покажуваат и некои клубови од Бундеслигата, но тој преферира преселба во Серија А.