Дома Трансфер зона Италијанско дерби за Ван де Бек

Италијанско дерби за Ван де Бек

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во клубот и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следат Јувентус и Милан, кои сакаат да го донесат во своите редови на лето.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


23-годишниот Холанѓанец оваа сезона има многу мала минутажа во Премиер лигата, а на „Олд Трафорд“ пристигна за 40 милиони евра.

Италијанските клубови сакаат да го искористат  незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А за поволна цена.

Поради слабата сезона цената на Холанѓанецот падна, па споменатите клубови се спремни да понудат 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…