Јувентус игра непрепознатливо од почетокот на сезоната, но до сега критиките кон тимот и новиот тренер Андреа Пирло не беа толку силни.
Медиумите на Апенините меѓутоа жестоко го критикуваа италијанскиот шампион после поразот од Барселона во Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонците победија со 2:0 во Торино, а домаќините кои беа без Кристиано Роналдо целосно потфрлија на мечот, тврдат медиумите во Италија.
Торинскиот весник „Тутоспорт“ на насловната страна излезе со прашање: „Некој го виде Јувентус?“.
„Газета дело Спорт“ и „Кориере“ излегоа со слични наслови „Јувентус остана во офсајд“, алудирајќи на поништените голови на Мората поради офсајд позиција.