Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ист број на бодови, гол разлика и меѓусебен дуел – ако има чудо за Шпанија и Португалија важни ќе бидат картоните!

Ист број на бодови, гол разлика и меѓусебен дуел – ако има чудо за Шпанија и Португалија важни ќе бидат картоните!

Чуда се можни, ги гледавме и претходно на Мундијалите.

Вчера Португалците и Шпанците забележаа минимални победи против Мароко и Иран, многу потешко од очекуваното бидејќи аутсајдерите прикажаа голема борбеност.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Што доколку во последното коло во групата Б видиме два шокантни резултати – Иран да ја победи Португалија со 1:0, а Мароко да ја изненади Шпанија со ист резултат?

Тогаш за пласманот во групата Б ќе одлучуваат – бројот на жолтите и црвените картони!

Имено, во тој случај Иран би бил прв со шест бодови, додека Шпанија и Португалија би биле изедначени со по четири поени. Двете репрезентации од Пиринеите вотој случај би имале гол разлика од 4:4 и нерешен меѓусебен дуел (3:3).

Пет главни критериуми одлучуваат во рангирањето на клубовите: Бројот на бодови, гол разликата, постигнатите голови, меѓусебниот исход и гол разликата од меѓусебниот исход.

Тука доаѓаме до последниот – картоните!

Жолтите се бодуваат со – 1 поен,ццрвниот преку два жолти -3, а директен црвен со -5.

Португалците во овој момент „водат“ со 2:1 во картоните, но јасно дека и тука би можело да биде изедначено, па во тој случај вториот патник од оваа група би бил одлучен преку ждреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Говото: Се е спремно за потписот на Ван Дајк

Сите детали за новиот договор на Вирџил ван Дајк со Ливерпул се утврдени и документите се …