Дома Фудбал Репрезентации Исланд го избрка селекторот откако победи 7:0

Исланд го избрка селекторот откако победи 7:0

Раководството на фудбалската федерација на Исланд го отпушти досегашниот селектор Арнар Видарсон и тоа откако оваа репрезентација победи со 7:0 против Лихтенштајн.

Очигледно дека во Исланд имале намера да го избркаат Видарсон и пред последните натпревари, па убедливата победа против Лихтенштајн не го променила впечатокот. За Видарсон победата против Лихтенштајн беше само шеста во 31 натпревар колку што беше на клупата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Одлуката ја донесовме навистина тешко, но сметаме дека испарвна. Арнар направи добри работи и заслужува пофалба. Сепак, сега тргнуваме во потрага по негов наследник за да ги започнеме подготовките за следните натпревари“, изјави претседателката на федерацијата, Ванда Сигургеирсдотир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Ливерпул подготвен да доведе ново засилување – ќе плати 100 милиони евра на Барселона!

Како што се приближува летниот трансфер рок, шпекулациите стануваат се поинтензивни. Сега …