Дома Фудбал Иско ја одбил капитенската лента на Реал Мадрид

Иско ја одбил капитенската лента на Реал Мадрид

Ѕвездата на Реал Мадрид, Иско одбил да ја носи капитенската лента на мечот против ЦСКА Москва во Лигата на шампиони.

Капитен на вчерашниот меч за „кралевите“ беше Марсело во отсуство на Серхио Рамос. Меѓутоа, Бразилецот беше заменет во 74-та минута и се обида да му ја даде капитенската лента на Иско, кој ја одби и му ја даде на Карвахал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Се обидов да му ја дадам лентата на Иско, но тој ми кажа да му да ја дадам на Карвахал. Не знам каква беше причината за тоа“, изјави Марсело.

После отказот на Лопетеги, Иско добива многу мала минутажа кај новиот тренер Солари, па се почести се шпекулациите за негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“.

26-годишниот плејмејкер синоќа влезе во конфликт со навивачите, па тие шпекулации уште повеќе се засилија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЈУНАЈТЕД НЕ ЖАЛИ ПАРИ: Ќе го рушат рекордот за потпис на големо засилување!

Манчестер Јунајтед се наоѓа на седмото место во Премиер лигата, со променливи игри. Послед…