Дома Топ вести Иско го напушта Реал, позната следната дестинација!

Иско го напушта Реал, позната следната дестинација!

Според пишувањата на реномираните шапански медиуми, Иско дефинитивно донел одлука да го напушти Реал Мадрид.

Плејмејкерот слабо добива минутажа оваа сезона кај Зинедин Зидан и тоа е клучниот фактор да донесе одлука за промена на средината.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иско веќе донел конечна одлука и ги известил агентите, па можно е уште во јануари да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ доколку пристигне примамлива понуда.

Шпанските медиуми јавуваат дека Реал ќе бара 50 милиони евра за шпанскиот репрезентативец, а следна дестинација на плејмејкерот најверојатно ќе биде Премиерлигата.

За Шпанецот интерес покажуваат Манчестер Сити и Челзи. Во моментов Лампард е поконкретен за разлика од Гвардиола и веќе спремил понуда за Иско.

Челзи ќе има голем буџет за трошење откако ФИФА им ја тргна забраната за трансфери, па се очекува Иско да биде првото јануарско засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…