Дома Трансфер зона Интер ја победи конкуренцијата, Де Фрај пристигнува на „Меаца“ – позната висината на договорот и платата!

Интер ја победи конкуренцијата, Де Фрај пристигнува на „Меаца“ – позната висината на договорот и платата!

Како што пренесува „Газета“ дефанзивецот постигнал договор со Интер и со „нероаѕурите“ ќе потпише договор на пет години.

„Газета Дело Спорт“ пишува дека Стефан Де Фрај му кажал „да“ на Интер со кој ќе потпише договор на пет години. Холанѓанецот на лето ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот со Лацио.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Покрај, Интер Де Фрај се поврзуваше со Барселона и Ливерпул, но Манчестер Сити. Сепак судејќи според се тој ќе го облече дресот на Интер.

Де Фрај со Интер како што споменавме потпишува договор на пет години и ќе добива плата од 4.2 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Холанѓанецот во Италија пристигна во 2014 година кога од Фејенорд направи трансфер во Лацио. Веќе некое време беше јасно дека нема да го гледаме на „Олимпико“ и наредната сезона, се поставуваше прашањето само каде ќе продолжи.

На крајот тоа ќе биде Интер, кој и долго време важеше како фаворит за неговиот потпис.

q

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…