Дома Фудбал Италија Интер ја зголеми понудата, сега се е во рацете на Скриниар

Интер ја зголеми понудата, сега се е во рацете на Скриниар

Сопственикот на Интер, Стивен Жанг дозволи екстра буџет за продолжување на договорот на Милан Скриниар.

Словакот беше главна трансфер цел на ПСЖ ова лето и „светците“ испратија неколку понуди, но сите беа одбиени од страна на Интер.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Меѓутоа, проблем за Интер е што Скриниар влезе во последната година од договорот и веќе во јануари може слободно да преговара со заинтересираните клубови.

ПСЖ има договор со дефанзивецот и му нуди плата од 9 милиони евра по сезона, сума која Интер не може да си ја дозволи во моментов.

Меѓутоа, Интер ќе направи се за да не ја загуби својата ѕвезда бесплатно и е спремен да ја зголеми понудата за нов договор.

Првично „нероаѕурите“ му нудеа 6 милиони евра по сезона, а сега се спремни да испратат нова понуда од 7,5 милиони евра со цел Скриниар да стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aнглија е како од друга планета: Клуб од Чемпионшип претстави спектакуларен тренинг-центар

Англискиот клуб Стоук Сити направи голем чекор напред во развојот на својата инфраструктур…