Интер има големи планови за следната сезона и веќе работи на новите засилувања, а италијанските медиуми тврдат дека на „Џузепе Меаца“ ќе пристигнат неколку големи имиња.
Спортскиот директор на „нероаѕурите“, Аусилио синоќа беше на натпреварот помеѓу Монако и Борусија Дортмунд каде имаше состанок со агентот Жорге Мендеш на кој разговарале за двајцата фудбалери.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Станува збор за десниот бек на Монако, Фабињо како и за ѕвездата на Реал Мадрид, Хамес Родригез, играчи кои ги застапува токму Жорге Мендеш.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Интер ги сака двајцата фудбалери и за нив ќе мора да издвои нешто повеќе од 90 милиони евра.
Колумбиецот е секако поскап и за неговата слобода Реал Мадрид ќе бара минимум 60 милиони евра, додека цената на Фабиња изнесува помеѓу 30 и 35 милиони евра.
Парите не би требало да бидат проблем за новите сопственици на Интер, само останува прашањето дали „нероаѕурите“ ќе успеат да ја победат конкуренцијата со оглед на фактот што следната сезона нема да играат во Лига на шампиони.
#Inter director Piero Ausilio reportedly met Jorge Mendes last night, to discuss James Rodriguez and Fabinho. https://t.co/dKVaVigyq1 #FCIM pic.twitter.com/RbfrLBxe5b
— footballitalia (@footballitalia) April 20, 2017