Дома Фудбал Италија Интер со негативен рекорд, Конте се споредува со Ливерпул

Интер со негативен рекорд, Конте се споредува со Ливерпул

Стартот на сезоната на Интер воопшто не е според очекувањата, па тимот на Интер веќе постави еден негативен рекорд.

Имено, „нероаѕурите“ во првите пет меча во сезоната веќе примија 10 гола. Исто толку Интер примил во 2011 година под воство на Гасперини, па тренерот доби отказ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во моментов тимот на Конте има само еден пораз, но прими 3 гола од Фиорентина, еден од Лацио и по два од Беневенто, Милан и Мехенгладах.

„Треба да гледаме во сопствениот состав. Се обидуваме да се справиме со ситуацијата и во моментов се обидуваме да играме најдобро што можеме. Добрата вест е што не сме надиграни во ниту еден меч, па тоа покажува дека сме на вистинскиот пат. Треба да го гледаме примерот на Ливерпул со Клоп. Не освојуваа ништо четири години, а потоа освоија се“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чаби Алонсо добил целосно одврзани раце да ја остави на клупата секоја од ѕвездите на Реал Мадрид.

Раководството на Реал Мадрид му изрази целосна доверба на тренерот на тимот Чаби Алонсо и …