Дома Трансфер зона Интер работи на три засилувања

Интер работи на три засилувања

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Интер работи на три нови засилувања за следната сезона.

Првото е голманот на Ајакс, Андре Онана на кого договорот му завршува на крајот на сезоната. „Нероаѕурите“ веќе подолго време преговараат и се во пол-позиција за неговиот потпис.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Другото засилување е српскиот репрезентативец од Ајнтрахт, Филип Костиќ. Тој игра како лево крило, а може да игра и како лев бек, па идеално би се вклопил во формацијата 3-5-2 со која играат „нероаѕурите“.

„Калчомеркато“ пренесува дека Интер е спремен за неговиот потпис да понуди 20 милиони евра, бидејќи во него гледа идеална замена за Перишиќ.

И третото засилување на кое работи Интер е Лука Јовиќ, кој не добива голема минутажа во Реал Мадрид и е спремен да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…