Откако го официјализираше трансферот на Наинголан, медиумите во Италија пренесуваат дека Интер би можел да донесе уште една ѕвезда на Рома во своите редови.
Имено, „нероаѕурите“ се силно заинтересирани за италијанскиот репрезентативец Алесандро Флоренци, кој се уште не го продолжил договорот со „волчицата“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Рома потврдија дека преговорите за нов договор со Флоренци не одат во права насока, па Интер сака да ја искористи таквата ситуација.
Флоренци има договор со Рома до 2019 година, па „волчицата“ ќе биде приморана да го продаде ова ова лето.
„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да му понудат 4-годишен договор „тежок“ 4 милиони евра по сезона.
27-годишниот Флоренци е поливалентен фудбалер и може да игра како десен бек, но и како играч за врска.