Во последниве денови се погласни се шпекулиациите дека Интер ќе се обиде да ја донесе ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.
„Газета дело Сппорт“ пренесува дека директорот Бепе Марота, кој е бивш директор на Јувентус, ќе се обиде да го донесе Дибала како слободен агент на Џузепе Меаца.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иднината на Пауло Дибала во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Аргентинецот беше подготвен да го продолжи договорот, но Јувентус ги промени условите, па односите помеѓу двете страни се нарушија.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер започнал преговори со неговиот агент и веќе испратил понуда за 5-годишен договор тежок 7,5 милиони евра по сезона.
Јувентус исто така му нуди плата од 7,5 милиони на Дибала, но договор на 3 години со опција за уште една година.
Директорот на Интер, Бепе Марота исто така потврди дека „нероаѕурите“ ќе се обидат да го ангажираат Аргентинецот.
L'Inter osserva gli sviluppi del caso Dybala e prepara la sua offerta: sul tavolo 5 anni di contratto https://t.co/Nem60tZuHq
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) January 17, 2022