Интер по 2010 година и генерацијата со Горан Пандев кога предводени од Жозе Мурињо „нероаѕурите“ освоија триплета повторно ќе игра финале во најелитното европско натпреварување.
Симоне Инзаги ги надмина очекувањата на навивачите и раководството на клубот, а сега откри на почетокот од него било побарано да стигне до осминафиналето во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Горд сум што сум во овој клуб, знам кога ме побараа што се случуваше. Пред 19 месеци од мене беше побарано да стигнам до осминафиналето во Лигата на шампионите што на клубот не му успеало од 2011. Мислев дека минатата сезона во ЛШ беше многу добра, но оваа е неверојатна. Никој не ни даде ништо бесплатно, игравме против силни противници и се изборивме за пласман во финале и јас ја зезнав управата“, низ шега прокоментира Инзаги.
Изнаги на местото тренер во Интер го наследи Антонио Конте кој замина кога стана јасно дека тимот не може да се засили со поскапи играчи. Конте го освои Скудетото, но никогаш не успеа да ја помине групната фаза во Лигата на шампионите.
Во финалето Интер ќе игра против Реал Мадрид или Манчестер Сити на 10-ти јуни во Истанбул.