Дома Топ вести Има ли шанси Нејмар да премине во Реал? – Еве го одговорот на првиот човек на ПСЖ!

Има ли шанси Нејмар да премине во Реал? – Еве го одговорот на првиот човек на ПСЖ!

После поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите се огласи и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.

Ал-Келаифи зборуваше за судењето, играта на неговиот тим, а баше запрашан и за иднината на најголемата ѕвезда на неговиот тим Нејмар.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Изгубивме во првиот натпревар, но пред нас се нови 90 минути на домашен терен. Во овој натпревар имавме неколку добри прилика да постигнеме уште еден погодок, но не ги искористивме“.

Потоа доби прашање за главниот судија на натпреварот, Џанлука Роки.

„Направи неколку грешки“, кратко одговори Келаифи.

Секако, не можеше да го избегне ниту прашањето за иднината на Нејмар кој на големо се поврзува со Реал Мадрид.

„Дали е можно Нејмар да премине во Мадрид? За такво шансите се еднакви на 0! Останува во ПСЖ 100%, всушност 200%!“, заврши првиот човек на Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…