Ситуацијата околу Мауро Икарди станува се повеќе комплицирана.
Долго време играчот е незадоволен, а последните четири натпревари ги пропушти поради наводна повреда, но прегледите покажаа дека не постои никаква повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Икарди за тоа време ужива во друштво на својата сопруга Ванда Нара која воедно му е и агентка, а парот од Интер бараше годишна плата која клубот во овој момент не може да му ја понуди.
Последната веста ја пласираше изминатата вечер познатиот италијански новинар Танкреди Палмери кој објави дека Интер го понудил Мауро Икарди на Јувентус (тука) и доколку овој трансфер навистина се случи тоа ќе биде вистински потрес во Италија.
Мауро Икарди сега се огласи на друштвените мрежи каде што објави фотографија под која напиша „Freedom“ или во превод слобода.
Не е јасно дали оваа порака значи барање за прекин на соработката со Интер или само го рекламира модниот бренд кој во последно време е неизоставен дел од неговиот стил.
Во Италија веќе се шпекулира за можен наследник на Икарди во Милано, а во последно време во прв план се истакнаа две имиња. Според некои информации како фаворити на листата за потенцијален наследник на Икарди во овој момент највисоко конкурираат Лука Јовиќ кој за Франкфурт веќе постигна 20 голови и босанскиот напаѓач од редовите на Рома, Един Џеко.