Вистинска трансфер бомба на полноќ објави познатиот италијански новинар Танкреди Палмери.
Тој тврди дека екипата на Интер го продала аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди и тоа на актуелниот шампион на Италија и нивни голем ривал – Јувентус!
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Не е тоа се што објави Палмери. Тој дојде до информација дека Наполи до напаѓачот испратил голема понуда. Претседателот Аурелио Де Лаурентис на Икарди му понудил девет милиони евра по сезона, плус два милиони како бонуси.
Меѓутоа, Интер одлучил да го продаде Икарди на Јувентус. Торинскиот клуб долго ја „плетел“ мрежата околу 26 годишниот напаѓач и како што стојат работите успеал да заврши голема работа.
Спортскиот директор на „Старата дама“, Фабио Партичи се договорил со раководството на миланскиот тим, Икарди исто така прифатил да оди во редовите на шампионот на Италија и ова ако е вистина би било навистина голем трансфер.
Не е познато колку „бјанконерите“ би можеле да издвојат за овој трансфер. Откупната клазула во договорот на Икарди со Интер изнесува 110 милиони евра и тоа веројатно ќе биде цената која Јувентус ќе треба да ја плати.
BOOM!
ICARDI RECEIVED A 9M€ PER YEAR OFFER FROM NAPOLI!BUT INTER DECIDED TO SELL HIM TO JUVENTUS!https://t.co/62jGiEyG6g
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) February 26, 2019
Ќе потсетиме пред неколку недели кога Икарди ја изгуби капитенската лента уште еден новинар, Валер де Маџо тврдеше дека Икарди има постигнато договор со Јувентус.
„Мислам дека во Интер веќе знаат дека Икарди има договор со Јувентус. Интер е голем клубот и Марота е одличен спортски директор кој добро си ја знае работата. Одземањето на капитенската лента е голема одлука и поради тоа сум сигурен – Икарди веќе постигнал договор со Јувентус“, порача тогаш Де Маџо