Дома Фудбал Репрезентации Икарди откри зошто не е повикан во репрезнтацијата

Икарди откри зошто не е повикан во репрезнтацијата

Селекторот на Аргентина, Жорге Сампаоли одлучи да не го повика Мауро Икарди во репрезентацијата и така крена голема прашина во медиумите.

Икарди во овој момент е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, а тоа го докажа и во последното коло од Серија А каде што постигна дури четири погодоци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, иако докажа дека е во добра форма и покрај повредата не доби повик во репрезентацијата. По овој потег на Сампаоли поголемиот дел од јавноста очекува Икарди да не биде повикан и за Мундијалот.

Приказната е од поодамна е веќе позната, Лионел Меси и уште неколку фудбалери се на страната на Макси Лопез со кого Икарди не е во добри односи. Сепак според зборовите на Икарди тоа не е причината.

„Зборував со Сампаоли. Знаев дека ќе бидам изоставен овој пат бидејќи бев повреден. Тоа е единствената причина поради која не сум повикан“, изјави Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…