Дома Останати Изненадување: Цонга елиминиран од Ролан Гарос!

Изненадување: Цонга елиминиран од Ролан Гарос!

Аргентинецот Ренцо Оливо ја забележа најголемата победа во кариерата откако во првото коло на Ролан Гарос го елиминира домашниот фаворит Жо-Вилфред Цонга.

Дуелот на Аргентинецот и Цонга се играше два дена бидејќи во вторникот беше прекинат, и тоа при водство на Оливо 7:5, 6:4, 6:7, 5:4.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Пласман во второто коло Аргентинецот избори денес откако успеа да го добие десеттиот гем од четвртиот сет. Во решавачкиот гем Цонга не реализира три топки за брејк, а потоа Оливо со прекрасен форхенд си обезбеди пласман во второто коло.

Противник на Аргентинецот во втората рунда ќе му биде Британецот Кајл Едмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ изговори зборови што никој не сака да ги слушне: Емоциите беа посилни од него по едно прашање

Новак Ѓоковиќ моментално се одмара во Грција и се подготвува за завршницата на сезоната, а…