Францускиот напаѓач Флоријан Тован ја изненади фудбалската јавност со својот трансфер.
Тован неколку сезони одлично играше во дресот на Марсеј и во текот на летото се поврзуваше со неколку европски клубови, но одлучи да остане во францускиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот договор со Марсеј истекува на крајот од сезоната и се очекуваше да направи исчекор во кариерата бидејќи како слободен играч можеше да бира каде да ја продолжи кариерата.
Меѓутоа вчера стигна изненадување откако беше потврдено дека Тован кариерата ќе ја продолжи во Мексико. Негов нов клуб ќе биде Тигрес каде што ќе пристигне во јули оваа година.
Со мексикчкиот клуб Тован потпиша договор до летото 2026 година што е навистина неочекувана одлука.
Во овој клуб Тован ќе се придружи на Андре-Пјер Жињак кој исто така пред неколку години се реши да потпише за Тигрес.
OFFICIAL: Tigres announce the signing of France international Florian Thauvin, reuniting him with former team-mate Andre-Pierre Gignac 🇲🇽🇫🇷 pic.twitter.com/TkdPGbQQnE
— B/R Football (@brfootball) May 7, 2021