Дома Фудбал Англија Изненадување од Лондон – Арсенал го избра идеалниот наследник на Венгер!?

Изненадување од Лондон – Арсенал го избра идеалниот наследник на Венгер!?

Арсен Венгер веќе неколку години е на работ на отказ во Арсенал, барем според пишувањето на англиските медиуми, но јасно е дека голем дел од навивачиите на „топчиите“ тоа и го посакуваат.

Дел од навивачите на Арсенал тоа и го истакнуваат преку пораки на натпреварите, тие сметаат дека после 22 години дојде време Венгер да го напушти Лондон.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Според денешните најави на „Дејли Мејл“ наследник на Венгер би можел да биде младиот тренер Јулијан Наглесман (30). Како што пишува споменатиот медиум, раководството на Арсенал креирало листа од посакувани менаџери, а тренерот на Хофенхајм е на врвот на таа листа.

Покрај Нагелсман како можни наследници на Венгер се споменуваат Брендан Роџерс кој го води Селтик и селекторот на Германија, Јоаким Лев кој е прв фаворит идното лето да го наследи Зидан во Реал.

Сепак доколку Арсенал тргне по Нагелсман и тука ќе има голема конкуренција и тоа од Баерн Минхен. Имено, овој човек два пати ги совлада Баварците, па поради тоа доби големи пофалби и од Ули Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ослабен: Алонсо во проблеми пред битката со Инзаги!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е под прашалник за дуелот против Ал-Хилал од Сауд…