Напаѓачот на Барселона Лионел Меси би можел да се најде во тимот многу брзо од она што се очекуваше – веќе против Интер!
Каталонскиот „Спорт“ пишува дека Меси се опоравува многу побрзо од очекуваното и според информациите доколку во наредните два дена нема компликации извесно е дека Меси би можел да конкурира за место во тимот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дури постојат шанси Меси да биде и во стартниот тим.
Аргентинецот ја обнови повредата на листото на 24-ти септември во натпреварот против Виљареал, а оваа сезона одигра само два натпревари.
Барселона на стартот од Лигата на шампионите ремизираше против Борусија Дортмунд (0:0), а во среда на свој терен ќе го пречека Интер.
Екипата на Ернесто Валверде следниот викенд во Ла Лига на „Камп Ноу“ ќе игра против Севиља.
T E A M ?❤ pic.twitter.com/dblaV8lQgH
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 29, 2019