Според последните информации од Островот во Лидс размислуваат за враќање на Езгјан Алиоски.
Минатата година Лидс не ги прифати условите на македонскиот репрезентативец, па Алиоски си замина по истекот на договорот. 30-годишникот се реши тогаш кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабаија во тимот на Ал Ахли.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, кратко траеше неговата епизода во овој клуб, после само една сезона Алиоски е пред враќање во Европа. Ал-Ахли иако имаше високи амбиции пред почетокот на сезоната на крајот испадна од Алиоски.
Дел од англиските новинари сега пренесуваат дека Лидс би можел да го врати Алиоски и така да ја поправи грешката од минатото лето. Во претходниот период Џани многу се поврзуваше со тимот на Трабзонспор.