Во клубот јавил дека е болен, а тие го забележале во текот на преносот во кој бил „уловен“ дури три пати.
Жорди Ван Дер Лан веќе е поранешен играч на второлигашот Телестар, а причината е што клубот го раскинал договорот со него после полуфиналниот натпревар помеѓу Тотенхем и Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 25 годишен напаѓач во неговиот клуб јавил дека е болен и дека поради тоа нема да дојде на тренинг.
Тој ќе поминел незабележано ако не бил толкав несреќеник и не бил снимен дури три пати во текот на пренесот од натпреварот минатиот вторник.
Dutch player sacked for attending Tottenham's Champions League clash with Ajax #AJATOT https://t.co/RUqBaKSXoe
— Chris Burton (@Burtytweets) May 7, 2019
Во клубот немаа милост за „болниот“ Жорди и тој добил отказ.
„Многу непријатна ситуација. Минатата недела разговарав со директорот Пиета Буер и донесена беше одлуката секој да оди по свој пат. Не бев сигурен дали ќе ме пуштат да одам на тој натпревар, па јавив дека сум болен. Сите знаеа дека не сум болен и веројатно не се изненадиле премногу кога ме виделе на телевизија“, изјави несреќниот Жорди.
Тој ќе биде на стадионот и утре кога Ајакс на домашен терен ќе игра против Тотенхем, но овој пат не мора да стравува од камерите.