Дома Фудбал Изгубија натпревар со два играчи повеќе, па го отпуштија тренерот

Изгубија натпревар со два играчи повеќе, па го отпуштија тренерот

Eкипата на Лас Палмас денеска објави дека се разделува со тренерот Луис Карион, откако клубот по девет кола е на последното место на табелата.

“Луис Мигел Карион нема да продолжи како тренер на Лас Палмас. Откако ја започна оваа сезона на чело на првиот тим, неговиот мандат завршува по девет кола, во кои Лас Палмас забележа три нерешени и шест порази. Лас Палмас му се заблагодарува за неговата посветеност и професионализам и му посакува многу среќа и на личен и на професионален план“, пишува во соопштението на шпанскиот клуб.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во последното коло од Ла Лига, Лас Палмас на домашен терен загуби од Селта со 0:1, иако Селта играше со девет играчи од 56. минута, бидејќи по еден црвен картон добија Илекс Мориба и Иаго Аспас.

Луис Карион во јуни годинава стана тренер на Лас Палмас, а минатата сезона беше тренер на Реал Овиедо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После 13 години си заминува креаторот на најголемите успеси на Сити

Чики Бегиристаин, спортскиот директор на Манчестер Сити кој е архитект на сите најголеми у…