Француски ПСЖ вчера беше поразен од Вардар во големото финале во Лигата на Шампионите, а Французинот со хрватско потекло, Никола Карабатиќ, во изјава за еден француски медиуми, даде симптоматичен изговор за поразот кој го доживеаја во финалниот дуел во Келн.
„Можевме да играме многу подобро,. Многу сме разочарани за конечниот резултат. Сепак не треба да се плука на тоа што го направивме. Сезоната ја завршивме преморени, игравме до самиот крај на Светското првенство во јануари, имавме тешки натпревари во домашниот шампионат. Пробавме да победиме во финалето, но не успеавме. Грешките кои ги правевме и нелогично загубените топки беа се почести во последните недели, а тоа е поради заморот. Овој пораз не го доведува во прашање проектот на ПСЖ, загубивме за само еден гол. Мора да ги држиме главите високо кренати и да продолжиме понатаму“, истакнал Карабатиќ за француските медиуми.