Дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг е на излезна врата од „Алијанц Арена“ и веќе ја избра својата следна дестинација.
Германските медиуми тврдат дека Боатенг кариерата ќе ја продолжи во Париз и дека во следните неколку дена ќе биде комплетиран неговиот трансфер во Пари Сент Жермен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за Германецот покажаа уште Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но Боатенг го избрал ПСЖ каде ќе соработува со својот сонародник Тухел.
Боатенг самиот сакаше да ја промени средината, а Баварците нема да му стојат на патот и се согласија да се разделат после цели 7 сезони.
„Скај Германија“ пренесува дека преговорите се во напредната фаза и дека Баерн од трансферот ќе инкасира помеѓу 50 и 60 милиони евра.
Минатата сезона Боатенг одигра 31 меч за Баерн Минхен и постигна два гола.