Дома Фудбал Англија Играчот обвинува: Раниери е предавник, нема повеќе да играм за Лестер!

Играчот обвинува: Раниери е предавник, нема повеќе да играм за Лестер!

Напаѓачот на Лестер, Леонардо Улоа изјави дека повеќе нема да игра за „лисиците“ и нагласи дека тренерот Клаудио Раниери го изневерил.

„Со должна почит кон навивачите на Лестер. Се чувствувам предаден од тренерот Клаудио Раниери и изневерен од клубот. Нема повеќе да играм за нив“, изјави Улоа.


Италијанскиот тренер неодамна го стопира заминувањето на Аргентинецот од клубот, па фудбалерот веднаш го нападна искусниот менаџер.

Улоа оваа сезона во Премиер лигата одигра 12 натпревари, но само еднаш беше стартер и имаше силна желба да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси се враќа за Аргентина

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, го објави неговиот прелиминарен список на фудбале…