Дома Фудбал Италија Играчот на Болоња за Михајловиќ: Пред еден месец ни кажа, но мислевме дека не е сериозен

Играчот на Болоња за Михајловиќ: Пред еден месец ни кажа, но мислевме дека не е сериозен

Синиша Михајловиќ е херојот на викендот откако вчера и покрај леукемијата се појави на клупата на Болоња во првиот натпревар во сезоната.

После 40 дена поминати во болница и хемотерапијата Михајловиќ се појави на стадионот „Бентегоди“ и со неговото појавување придонесе за емоции кај фудбалските фанови. За Михајловиќ после натпреварот зборуваше еден од фудбалерите на Болоња, Рикардо Орсолини.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Со Михајловиќ се слушам и гледаме преку видео камера секојдневно. Пред еден месец ни кажа дека сака да биде со нас за првиот натпревар, но ние не мислевме дека е сериозен. Среќни сме што ни приреди изненадување, тоа беше голем мотив за нас. Жал ни е што не победивме. Тој изгуби дел од својата тежина, но страста, решителноста и посветеноста му се исти како и секогаш“, изјави Орсолини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…