Фудбалерите на на Тотенхе ќе им ги вратат парите на навивачите кои беа на трибините на „Сент Џејмс Парк“ и во живо го гледаа дебаклот против Њукасл.
Тие почувствувале вина и одговорност кон фановите, па донесоа ваква одлука два дена после поразот од 6:1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Како екипа, ние ја разбираме вашата фрустрација и вашиот гнев. Знаеме дека тоа не го менува она што се случи во неделата. Ќе направиме сè што можеме за да ги исправиме работите, почнувајќи од Манчестер Јунајтед во четврток навечер, кога повторно ќе ни треба вашата поддршка. Заедно и само заедно можеме да ги придвижиме работите напред“, се вели во соопштението на играчите.
После тој пораз раководството му врачи отказ на тренерот Стелини и за привремен менаџер го назначи Рајан Мејсон.
The players have a message for our fans who went to Newcastle on Sunday… pic.twitter.com/HFfmo8R2iH
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) April 25, 2023