Дома Фудбал Италија Играчите на Лацио одбиваат намалување на платите

Играчите на Лацио одбиваат намалување на платите

Играчите на Лацио не прифаќаат намалување на платите од март до јуни поради пандемијата со коронавирусот, пренесуваат италијанските медиуми.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ги контактирал играчите за да ги замоли да се оди на намалување на платите за март и април. Покрај тоа, клубот сака да преземе вакви мерки во мај и јуни, доколку Серија А не продолжи.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Фудбал Италија“ пренесува  дека играчите не биле задоволни кога дознале за оваа идеја, и реагирале негативно на предлогот на Лотито.

Лацио е втор на табелата во Серија А со само еден бод заостанување зад лидерот Јувентус и е еден од најгласните клубови кои апелира за продолжување на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Винисиус објави фотографија: Пред новата сезона е во страшна форма, но договор нема!

Винисиус Жуниор неодамна ја отфрли понудата од Реал Мадрид за продолжување на договорот. Н…