Дарио Ивановски кој беше единствениот македонски атлетичар на СП во Бирмингем во сала денеска во квалификациите на 1.500 метри постави свој најдобар резултат на оваа делница.
Ивановски го освои 17-то место во вкупен пласман во конкуренција на 22 атлетичари, а двајца од пријавените не стартуваа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нашиот единствен претставник на ова СП за половина секунда не успеа да го собори македонскиот рекорд. Ивановски со ова ја потврди добрата форма откако на Балканијадата во Истанбул беше четвртопласиран на 3.000 метри.