На поранешниот хрватски репрезентативец Иван Класниќ изминатата ноќ во Загреб му беше успешно извршена трансплантација на бубрег.
За Класниќ ова е трета трансплатација откако пред десет години дозна дека има дисфункција на бубрегот, кога и почна неговата животна битка. Првата трансплатација му беше извршена во 2007 година, но телото го отфрли бубрегот што му го донираше неговата мајка.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Втората трансплатација мина успешно, а донатор беше неговиот татко. Во меѓувреме Класиниќ се чувствуваше добро, дури почна повторно да игра фудбал, но потоа неговото тело го отфрли и вториот дониран бубрег.
Се наведува дека донорот на бубрегот не е познат, но секако се знае дека не е ниеден член на семејството.
Иван Класниќ е поранешен фудбалер на Сент Паули, Вердер, Болтон и Мајнц. Во дресот на Хрватска одигра 41 натпревар, на кои постигна 12 гола.