Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Уживајте додека сум тука, кога ќе се повлечам ќе тагувате – ваков играч нема да гледате повторно!

Ибрахимовиќ: Уживајте додека сум тука, кога ќе се повлечам ќе тагувате – ваков играч нема да гледате повторно!

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ зборуваше за италијанските медиуми за ситуацијата во која се наоѓа и можноста на крајот од сезоната да оди во пензија.

Ибрахимовиќ се уште игра на високо ниво и покрај годините е еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Чувствувам блага паника поради можното заминување во пензија. Планирам да играм колку што е можно подолго, се додека постигнувам добри резултати и не патам на теренот. Не сакам да жалам по завршувањето на кариерата, морам да го искористам максимално моето време во фудбалот.

Швеѓанецот очекува да не му биде лесно да се навикне на животот после пензионирањето.

„Адреналинот кој го чувствувам сигурно нема да биде ист. Програмиран сум да се разбудам, да одам на тренинг, да се вратам дома и да одморам. Така е веќе 25 години, но еден ден ќе се разбудам без планови. Тоа ќе биде чудно чувство“, изјави Ибра.

Новинарите ги интересираше со што би се занимавал Ибра по завршувањето на кариерата.

„Не знам, ќе видам кога ќе дојде време за тоа. Можеби ќе започнам нешто ново и ќе се повлечам од јавноста. Мислам дека публиката најмногу ќе тагува за мене, нема да може да ме гледате како играм. Уживајте во моите игри затоа што ваков фудбалер повеќе нема да се појави“, изјави легендарниот напаѓач.

Кариерата Ибрахимовиќ ја започна уште во 1999 година во шведски Малме и ќе биде навистина чудно да се следи фудбалот без лик каков што е Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флик не го потценува едно од најпријатните изненадувања сезонава во ЛШ: Ќе бидат наш достоен ривал

Фудбалерите на Барселона во рамките од петтото коло во Лигата на шампионите ќе играат прот…