Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ: Тажен сум кога го гледам ваков Милан

Ибрахимовиќ: Тажен сум кога го гледам ваков Милан

Италијанскиот гигант Милан веќе неколку сезони не е на врвот на италијанскиот и европскот врв, а „росонерите“ и оваа сезона ја отворија лошо.

По повод кризата во миланскиот клуб, се огласи и екс-играчот на „црвено-црните, Златан Ибрахимовиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тажен сум што го гледам Милан во ваква ситуација. Сите знаеме каде му е местото на овој клуб. За Милан треба да играат најдобрите играчи на светот, но во овој момент тоа не е така. Само со сериозни инвестиции може да се постигне нешто во овој момент. Мислам дека тоа е единственото решение. Без пари нема да добиете квалитет“, изјави Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот потоа се осврна на соработката со Карло Анчелоти и изјави дека жали што работел само една година со него.

„Имам многу добри односи со Карло. Тој е одличен тренер и пред се многу добар човек. Имав среќа да го познавам како човек и да работам со него. Жал ми е што нашата соработка траеше само една година. Би сакал повеќе време да работам со него, бидејќи заедно добро се сложувавме“, истакна Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…