Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Меси или Роналдо? Јас сум подобар од нив

Ибрахимовиќ: Меси или Роналдо? Јас сум подобар од нив

Златан Ибрахимовиќ повторно крена голема прашина со своите изјави во италијанските медиуми.

Ибрахимовиќ е еден од најдобрите напаѓачи во светот во претходните две децении и зад себе има богата кариера, иако не успеа никогаш да ја освои „Златната топка“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


На прашањето на новинарите дали во колекцијата на награди му недостига „Златната топка“, Ибрахимовиќ даде одговор во свој стил.

„Не. На Златната топка и недостигам јас. Длабоко во себе верувам дека сум најдобар во свет“, изјави Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот даде краток коментар и за Кристиано Роналдо и Лионел Меси, кои се едни од најдобрите во историја.

„Ако зборуваме за квалитетите, јас сум подобар од нив. Ако ги погледнете трофеите, тогаш да, не ја освоив Лигата на шампионите. Но, како се смета тоа кој е најдобар? Не сум опседнат со тоа, бидејќи кога правиш добри работи колективно, индивидуалното се покажува“, заклучи Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се подготвува контроверзен трансфер: Младата ѕвезда на Реал доаѓа во Барселона?

Според наводите на реномираниот бразилски портал UOL Esporte, Барселона не планира да заст…