Златан Ибрахимовиќ на почетокот на годината дојде во Милан и го преобрази од тим на средина на табелата, до тим кој се бори за Скудетото.
39-годишниот Швеѓанец игра фантастично и оваа сезона веќе постигна 10 гола и тоа само на шест настапи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Првото нешто кое ме прашаа кога се вратив во Милан беше со сите фудбалери кои се враќале и не биле на нивото на првиот престој тука. Која е разликата со мене? Никогаш не ја губам страста за тоа што го правам“, истакна Ибра.
„Секогаш кога ќе излезам на терен сум како дете кое за прв пат добило чоколадо. Топката е мојот најдобар пријател и сакам да се однесувам со неа како кон најдобар пријател. Денот кога нема да можам да играм на ова ниво, ќе се откажам“, додаде Ибра.
🗣️ “I came back to change #ACMilan” 💪@Ibra_official spoke to @UEFAcom about his motivation and goals
— AC Milan (@acmilan) November 30, 2020
🗣️ "Sono tornato per cambiare il Milan" 💪
L'intervista di Zlatan tra motivazioni e obiettivi #SempreMilan pic.twitter.com/OOrVl2gKfl