Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ искрено за квалитетот на МЛС: Тука сум како Ферари против Фиат

Ибрахимовиќ искрено за квалитетот на МЛС: Тука сум како Ферари против Фиат

Еден од најдобрите напаѓачи кои некогаш се појавиле на фудбалскиот терен, Златан Ибрахимовиќ даде сосема искрено интервју за „ЕСПН“ во кое зборуваше за квалитетот на МЛС лигата.

Ќе потсетиме, Ибрахимовиќ веќе подолго од една година игра во САД за ЛА Галакси, а претходно кариерата во Манчестер Јунајтед му тргна во надолна линија поради тешката повреда.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа сезона Ибрахимовиќ на 16 натпревари постигна 13 голови и додаде три асистенции и така му помогна на својот тим да дојде до третата позиција на Западот.

Сепак тој е сосема реален кога кажува дека МЛС лигата нема ниту приближен квалитет како некоја од најсилните европски лиги во кои играл.

„Да бидам искрен, МЛС не е на европското ниво. Претходно играв со играчи кои се на мое ниво или блиску до него. Тоа помага за полесно да се поврзуваме. Тука сум како Ферари против Фиат. Истиот проблем го имав во националниот тим, но не баш во толкава разлика. Не прифаќам ситуација кога топката не доаѓа до мене или доаѓа предоцна. Сакав тие да дојдат на моето ниво. Сето ова ме успори. Играта овде во Америка може да биде побрза, тактички подобра и со повеќе ритам“, изјави поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Интер, Јувентус, Милан, Барселона, ПСЖ, Ајакс…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…