Дома Македонски спорт Мак фудбал Ибраими: Да се игра против Милан е остварување на сонот!

Ибраими: Да се игра против Милан е остварување на сонот!

Македонскиот претставник во Лига Европа, Шкендија утре ќе игра на „Сан Сиро“ против седумкратниот шампион Милан.

Најдобриот играч на Шкендија, Бесарт Ибраими вели дека се среќни што ќе играат против Милан и го респектираат, но не се плашат од противникот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Да се игра против голем тим како Милан секогаш дава посебно чувство. На денот на ждрепката, најголемиот дел од нас го посакувавме Милан за противник, а потоа сонот ни се оствари. Ние сме навистина среќни што имаме шанса да играме против тим како „Росонерите“. Не се плашам од никој противник, имам почит кон сите играчи на Милан, бидејќи сето тоа се навистина добри фудбалери“, изјави Ибраими.

Иако вели дека не сака да ја меша политиката во спортот, Ибраими порачува дека сите Албанци треба да бидат горди на успесите на Шкендија.

„Шкендија е претставник на сите Албанци во регионот, кои треба да бидат горди на успехот кој го постигнавме. Јас се чувствувам како Албанец и горд сум на тоа. Инаку, многу од моите сонародници навиваат за Милан, па поради тоа честа да играме против нив е голема“, додаде Ибраими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Елмас: Против Италијанци секогаш е тешко, посебно против Јувентус

Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас во интервју за клупската страница на Лајпциг зборуваше п…