Златан Ибрахимовиќ тврди дека Хакан Чалханоглу имал корист од трагедијата на Ериксен и поради тоа добил понуда од Интер.
Ибрахимовиќ во својата нова книга „Адреналин“ меѓу другото пишува и за трансферот на Чалханоглу од Милан во Интер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Треба да му се заблагодариме за сѐ што направи за Милан и да му посакаме сѐ најдобро во иднина. Чалха ја искористи трагичната ситуација. Ериксен имаше проблеми со срцето и на Интер му требаше таков играч и му беше отворена позиција на Хакан. Дотогаш тој немаше понуди од Интер и од други клубови“, напиша Ибра.
„Тој е добро момче, но многу напредуваше поради мене. Стекна храброст и самодоверба. Пред да дојдам, Чалха немаше бројки какви што имаше потоа. Постојано се шегував со него: „Моја вина е што сега бараш таква понуда од Милан, јас ти помогнав да се развиеш“.