Дома Фудбал Италија Ибра приреди изненадување: За секој играч на Милан купи ист поклон

Ибра приреди изненадување: За секој играч на Милан купи ист поклон

Златан Ибрахимовиќ е вистински лидер во екипата на Милан, во и надвор од теренот.

Многу играчи се воодушевени како Ибра се однесува и колкава желба има за победа иако неодамна го прослави својот 39. роденден.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кога работата е во прашање Ибра е максимално посветен и сериозен, но надвор од теренот знае да биде забавен. Тој ги воодушеви своите соиграчи откако одлучи на сите во екипата да купи поклон и да ги изненади после репрезентативната пауза.

Медиумите на Апенините пишуваат дека Ибра за секој играч во тимот купил Плејстејшн 5, кој само што излезе во продажба. Некои од играчите тоа го потврдија со објавите на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

За иднината на Салах се огласи и неговиот менаџер!

Ливерпул синоќа потврди дека Moхамед ќе го напушти Енфилд по завршувањето на тековната сез…